Мијалков немал никаква врска со „Плацеви на Водно“, Апелација потврди затворски казни за Груевски и Камчев

t

Апелациониот суд Скопје постапувајќи по предметот познат како „Плацеви на Водно“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 14.02.2023 година, донел пресуда со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот експремиер Никола Груевски и на правното лице ДТУОР Л.К.Ц. ДООЕЛ, а делумно ја уважи жалбата на обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков. Истовремено, ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Апелациониот суд Скопје пресудата ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција на начин што на обвинетиот Н. Г. (Никола Груевски), за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 ст.1 од Кривичниот законик, му се утврдува казна затвор во траење од 7- седум години, а за кривичното дело Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3 – три години и 6 – шест месеци и согласно чл.44 од Кривичниот законик, се осудува на единствена казна затвор во траење од 9 – девет години

– на обвинетиот С. М. (Сашо Мијалков), за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 став 1 в.в со член 24 од Кривичниот законик, му се изрекува алтернативна мерка – условна осуда така што одмерената казна затвор во траење од 1- една година и 3 – три месеци, во која му е засметано и времето поминато во притвор сметано од 22.12.2021 година до 29.12.2021 година се зема за утврдена и се определува дека истата нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 4 – четири години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“, велат од скопска Апелација.

Апелациониот суд Скопје првостепената пресуда КОК.бр.63/21 од 21.04.2022 година, во останатиот осудителен дел под I од изреката, ја потврди.

„Првостепената пресуда во обжалениот дел е јасна и подобна за испитување, не содржи суштествени повреди на постапката, фактичката состојба е јасна и правилно е утврдена. По однос на казните утврдени за обвинетиот Н.Г.од С. Апелациониот суд Скопје оцени дека првостепениот суд недоволно ги ценел отежителните околности и ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција по однос на изречената казна и одлучи како во изреката. По однос на обвинетиот С.М. од С. кој е помагач од член 24 на Кривичниот законик за кривично дело од член 273 став 1 кој не преземал реални дејствија и постапки, туку дејствијата му се вербални, за кое се огласени виновни и осудени Н.Г.од С., Ј.К.од С: 1 (една ) година затвор, Н.Ј. алтернативна мерка – условна осуда, Р.Н. од С. алтернативна мерка – условна осуда, па советот оцени дека првостепниот суд го повредил член 24 од Кривичниот законик, во кој е наведено дека помагачот се казнува исто или поблаго од сторителот на делото. Имајќи го во предвид член 24 од Кривичниот законик и во сооднос и корелација на казните на Н.Г. од С. (кој е во бегство),, Ј.К: – една година затвор, Н.Ј. алтернативна мерка условна осуда, Р.Н. Алтернативна мерка – условна осуда директни сторители со конкретни дејствија и постапки, како и одлуките на Врховниот суд на РСМ и Врховните судови на земјите од поранешна СФРЈ, одлучи како во изреката“, вели Апелација.

По однос на конфискуваниот недвижен имот од обвинетите како и од правното лице, Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепната пресуда со која е конфискуван целокупниот недвижен имот во приближна вредност 3.000.000,00 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хејнс: Војната во Украина нема наскоро да…

Директорката на американската Национална разузнавачка служба, Аврил…

Вучиќ: 40 часа работа во една недела…

Изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека…

ДЗС: Цените на угостителски услуги во април…

Цените на угостителските услуги во април во…

Преку милион туристи од Македонија лани ја…

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи…

Лебот нема да поскапи во следните два…

Има промени во цените на житото на…