ХОТЕЛИЕРИТЕ И УГОСТИТЕЛИТЕ КУБУРАТ СО ПЕРСОНАЛ: Готвачи и келнери ,,имат снемано”

t

На Саемот за сезонско вработување во туризмот во Охрид, угостителите се пожалија дека персоналот си заминува во западна Европа и во Хрватска.

Нема келнери, готвачи, помошници во кујна, рецепционери, технички персонал. Оние кое се веќе вработени во индустријата често заминуваат на подобро платениот регионален пазар, се жалат хотелиерите од Охридско-струшката ривиера.

– Во овие моменти е многу тешко да се најде персонал. Знаеме сите што ни се случува во земјата со иселување на младите. Многу заминуваат во западно-европските земји, во Хрватска, кадешто работат неколку месеци, а имаат голем прилив на пари и им се вреднува работата. Недостигот од кадар е последица од минатите години, каде имало мали плати, луѓето беа незадоволни, работеа прекувремено неплатени часови. Тоа е најголемиот проблем што ни се случува и сега треба да работиме на тоа како истото да го подобриме – изјави Никола Божиноски, менаџер на хотел во Охрид.

Тој е еден од претставниците на индустријата коишто се претставија на Саемот за сезонско вработување во туризмот во Охрид, известува МИА.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, вели дека состојбата со недостигот на кадар во туристичко-угостителскиот сектор е рефлексија на тоа што се случувало низ годините и односот на самите работодавци кон човечките ресурси, и тоа не само во односната туристичка дејност.

– Отстуството соодветна стратегија низ годините и соодветни развојни планови ги даваат резултатите сега. Но, тоа што можеме сега да го градиме е како за наредните десет години да создадеме стручни кадри кои што во одредени сегменти на економијата ќе овозможат раст. Во туристичката индустрија велиме дека растот во дестинациите ќе биде успорен, во зависност каков квалитет даваме, бидејќи услугата е многу значајна. Во овој момент треба да се изработат одредени студии. Очекувам тоа да го направат коморите и здруженијата, коишто ќе ѝ понудат дополнителни решенија на Владата, за заеднички натаму да се овозможи вистинско третирање на кадрите и соработка помеѓу бизнисот и средните стручни училишта – вели тој.

Агенцијата ќе ги посети сите стручни училишта во сегментот на туризмот и гастрономијата, заради конкретни предлози за амортизирање и подобрување на состојбата со работната сила.

– Според мене и покрај тоа што можеби во некои економски гранки треба да имаме увоз на работна сила, сепак, исто така, треба да имаме план како низ годините истата работна сила да ја добиеме од домашни ресурси, да создадеме квалитетни менаџери коишто ќе имаат понатаму европски и светски практики во туристичката индустрија – рече Јаневски.

Тој во средното угостителско училиште во Охрид воочил недостиг на соработка помеѓу субјектите во браншата.

– Неопходна е поголема соработка на бизнис-заедницата со средните стручни училишта, со цел кадрите што ќе излезат веќе во трета и четврта година да почнат со работа и да имаат професионални ангажмани и договори – додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го обвини Бајден дека раководел со…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини…

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите…

„Иднината на Македонија е во Европската Унија,…

(Видео) Венко Филипче и Благој Бочварски возеа…

Венко Филипче и Благој Бочварски возеа по…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…