Пригожин одговори: Не заминувам од Украина, не сум луд!
Членовите на групата „Вагнер“ немаат намера да се повлечат од Украина, изјави основачот на платеничката група Евгениј Пригожин.
Тој одговори на тврдењата на Блумберг, кој објави, повикувајќи се на неименуван извор, дека Пригожин планира да се пензионира и да ги насочи операциите на групата во Африка.
„Не знам за што известува Блумберг. Очигледно, тие подобро од мене знаат што ќе правиме понатаму. Се додека им требаме на нашите луѓе, ќе се бориме на територијата на Украина“, рече Пригожин во соопштението објавено на неговиот канал на Телеграм, како што пренесува Раша тудеј.
Блумберг објави дека поради недостаток на муниција и работна сила, Пригожин бил принуден да го врати фокусот на активностите на групата Вагнер во Африка. Блумберг наведе и дека оваа руска група платеници се уште не може да го заземе градот Бахмут, каде што се водат најжестоките битки веќе седум месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден 18 годишник откако се превртел…
На 16.08.2026 во 23:00 часот во ОВР…
Младиот Јован Костадинов од Виница добитник на…
Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот…
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Негувателки во градинки во Хром и во…
Негувателки во градинки во скопската населба Хром,…
Трамп му се закани на Оман: „Ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…