СТУДЕНТИТЕ ГО КРЕВААТ ГЛАСОТ: Излегуваат на масовен протест ако не им се исполнат барањата, најавија и бојкот на настава
Државата како да нема слух за барањата на студентите во Македонија. Затоа тие решија да го кренат гласот и не планираат да отстапат од барањата. Најавуваат протест, но и бојкот на настава.
Денес се огласија од Студентски отпор. Нивното соопштение го пренесуваме во целост:
Како што веќе добро е запозната јавноста беше најавен масовен протест пред МОН со цел да го изразиме големото незадоволство од немањето на слух за нашите барања.
Овој протест требаше да е организиран од УСС при УКИМ, но сведоци сме дека на различен начин омилениот студент на Власта се обидува да го откаже истиот протест, притоа посочувајќи дека можеби е решен проблемот со ретроактивна исплата на разликата во стипендиите.
Мораме да потенцираме дека Студентски отпор нема да отстапи од протестите како чин за за да го искажаме својот револт доколку не ни се исполнат сите барања, бидејќи ние како студенти покрај ова имаме и други наши барања кои не се реализирани.
За потсетување, нашите барања кои што директно прозилегуваат од студентите се:
– Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела;
– Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите);
– Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари;
– Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите;
– Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите;
– Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови;
– Стипендирање на студентите на втор циклус студии;
-Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети
– Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ.
Доколку и понатаму се нема слух за барањата на студентите ќе преземеме сериозни чекори, како што се масовни демонстрации на клучни крстосници во градовите, бојкотирање на настава и сл.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подобрува состојбата на пациентот кој со…
Тој во изјава за медиумите посочи дека…
Русија и Сирија постигнаа договор за руските…
Сирија и Русија постигнаа договор за иднината…
Над еден милион луѓе евакуирани во Кина…
Кинескиот источен брег во последните неколку дена…
19-годишник направил експлицитни видеа и фотографии од…
На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани,…
Трагедија кај Брајчино: Мотоциклист загина откако излетал…
Трагичен сообраќајен инцидент се случил рано утринава…