Ахмети го назначи Рафис Алити за кординатор на Сарај

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција, во рамките на неговите законски овластувања, го назначи Рафис Али за координатор на огранокот на ДУИ во Сарај, потврдуваат за ТВ 24.

По назначувањето на Бујар Османи за координатор на огранокот на ДУИ во Чаир, одлуката на претседателот на интегристите Али Ахмети е донесена со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси на ДУИ во Сарај“.

Оваа одлука на Ахмети доаѓа по успехот постигнат во Чаир каде целата локална структура се организираше во отсуство на огранокот на ДУИ и организираше средби со локалните совети и големиот собир во Чаир на 20 март без учество на претседателот на огранокот и градоначалникот на општина Чаир.

Овие одлуки ги оспорува мала група во ДУИ како Изет Меџити, Муса Џафери, Блерим Беџети, Висар Ганиу и Невзат Бејта заедно со дел од нивните следбеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андраш Балша, поранешен претседател на Врховниот суд,…

Унгарската владејачка партија Тиса на премиерот Петер…

„Гардијан“: Компанија блиска до Трамп во илегална…

Американска нафтена компанија „Гренланд Енерџи“, поврзана со…

МВР: Засилени контроли за брзината и викендов…

Министерството за внатрешни работи информира дека и…

Се додека не се зголемат откупните цени…

Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…