Објавено на:

Вучиќ: Целта во надворешната политика е да ја провлечам Србија низ иглени уши за да нема последици

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Сомбор изјави дека неговата цел во надворешната политика е „да ја провлече Србија низ иглени уши“ за да не има последици „во овие луди времиња“ кога е невозможно рационално со никого да се разговара во светот.

Вучиќ, на церемонијата по повод Денот на сеќавање на загинатите во бомбардирањето на НАТО на СР Југославија во 1999 година, рече дека треба да се сочува Србија и „секое наше дете без разлика каде живее“. Тој потенцираше дека нема да ја предадат државата на тацна, ниту ќе се најде „оправдување за сето злосторство што го направија“, пренесува Бета.

– Ни претстои тежок период. Наше е да се бориме обединето за нашата земја. Да, сакаме мир, нема да имаме никакви конфликти, ниту со НАТО, ниту со никого. Но, ќе си ја зачуваме државата, и кога ги кажуваме црвените линии, не си играјте со тоа и не притискајте понатаму, рече Вучиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Унгарија ќе ги зголеми трошоците за…

Унгарија ќе мора да ги зголеми трошоците…

Анкета на ИРИ: Западен Балкан го губи…

Земјите од Западен Балкан се строго поделени…

(Видео) Тага, солзи и цвеќиња за помен:…

Форумот што денеска се одржува во Ташмајдан…

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

(Видео) Обраќање на претседателот на Левица, Димитар…

Проф. Димитар Апасиев на политичките опоненти им…