БИТОЛСКИОТ БИЗНИСМЕН ИМА ОШТЕТУВАЊЕ НА ЖЕЛУДНИКОТ И ХРАНОПРОВОДОТ – нови детали за случајот со испиената мистериозна „вода“

t

Познатиот локален бизнисмен од Битола е примен на Токсикологија и сега е во стабилна состојба, но со сериозни оштетувања на органи, јави ТВ Телма. Станува збор за 42-годишен пациент, кој на Токсикологија е примен пред три дена.

„Анамнестички покажува податоци дека пациентот бил во некое кафуле и инцидентно му е дадено корозивно средство. Кај нас е донесен свесен и контактибилен, сега е на интензивно лекување и се опсервира. При првите направени прегледи коишто се направени ендоскопски, гледаме дека се работи за оштетување на хранопроводот и желудникот. Ќе видиме во наредните денови како ќе се движи состојбата“, изјави доктор Ридван Бајрами, директор на УК за токсикологија, за Телма.

Случајот е пријавен во полиција во вторникот, околу 15 часот и 30 минути. Неговата сестра пријавила дека на пациентот му се слошило, откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што најпрво бил примен во битолската болница.

„Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Пациентот сега е постабилен од првите 48 часа, велат докторите. Почнал да голта, но бидејќи се работи за корозивно средство коешто го конзумирал, компликациите сега се акутни и хронични, објаснуваат од Клиника. Тој подолго време ќе остане во болнички кревет за да се рехабилитира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби до Силјановска: Време е да запрат…

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за…

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти…

„Истите оние што заедно сценираа конфликти и…