Вечерва почнува летното сметање на времето, стрелките одат еден час напред

t

Во текот на ноќта, на преминот од сабота кон недела, во 2 часот по полноќ, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот. Кај многу современи уреди, вклучувајќи ги паметните телефони, таблетите, компјутерите…, прилагодувањето на времето се случува автоматски, така што нема потреба од ,,рачна интервенција”.

Летното сметање на времето ќе важи до 29 октомври, во 3 часот, кога ќе се врати зимското сметање.

Летно и зимско сметање на времето првпат е воведено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, зсради заштеда на енергија.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Европската Унија и другите земји во Европа во 2002 г. одредија дека почетокот на летното сметање на времето е во последниот ден недела од март и трае до последниот ден недела од октомври.

При последното преминување на зимско сметање, во октомври 2022 г., Владата на Северна Македонија побара анализа од Министерството за економија за тоа дали евентуално останување на летното сметање може да значи заштеда на енергија, со оглед на најавите за енергетски тешка зима. Анализата го покажа спротивното, така што ноќта меѓу 29 и 30 октомври граѓаните во земјава, според воспоставената практика, ги поместија стрелките на часовниците за еден час наназад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сончево и топло време, попладне дожд!

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Владимир Путин им го честиташе Велигден на…

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе…

(Видео) Велигденски спектакл во Драчево

Драчевчани приредија вистински полноќен спектакл по повод…

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и…

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно…

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! За многу години…

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…