Лазаров: Цел ден размислувам за Јана. Во каква држава живееме ние луѓе? Грозно, секој ден станува се погрозно
Во текот на целиот ден размислувам за Јана, еј, девојче од 6 години. Не сакам ни да замислам како им е на родителите, блиските… Па во каква држава живееме ние луѓе? Да ти е страв да ти се случи нешто и да треба да одиш до болница. Пази, не зборам да ти се случи нешто страшно. Да ти е потребен обичен преглед, а да заврши КОБНО….
Кој случај по ред е годинава за кој слушаме трагични вести, морничави… Не знам, на тоа семејство кој ќе му даде отчет, како ќе ги утешите, како тие ќе си го продолжат животот…
Но, искрен да бидам уште по згрозен сум што цел ден чекам да се дигнат сите можни организации за човекови права, оние што маршираа пред 2 недели за правата на жените. Каде се од Хелсиншки, каде се сите тие на кои очигледно им беше “поинтересно” Стефан што се насмеал. Не ме сфаќајте погрешно, не сакам ни да споредам ниту да изгледа дека барам правда за себе. Но, за какви невладини, феминистки , организации, ДРЖАВА се сметате? Јана немаше ли права, нејзиното семејство нема ли права? Грозно, секој ден станува се по грозно…
Сочувство до семејството..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…