ДУИ: Има европско ориентирани пратеници во редовите на ВМРО ДПМНЕ
Демократската Унија за Интеграција ја повикува опозицијата да се приклучи кон, како што велат, напорите за европска Македонија и продолжување на интегративниот пат како единствена алтернатива за нашата земја.
Европскиот сон и стремеж на нашите граѓани, како што велат од ДУИ, зависи од пратениците во Собранието и нивната храброст да донесат одлука за следните генерации, а не за следните избори.
„Храброста и одлучноста во носењето одлуки се наградува од страна на граѓаните, но и од нашите евроамерикански пријатели.
Повикуваме на општ општествен европски фронт и формирање на сојуз за европска Македонија.
Загрижувачки се недвосмислените изјави на предводниците на опозицијата против Европската интеграција и одбивањето на помошта од нашите меѓуранордни партнери, но ние сме убедени дека пратениците и граѓаните не ги споделуваат изолационите и антиевропски ставови на нивните лидери, туку ќе одлучат храбро и мериторно за продолжување на европскиот пат.
Во ВМРО ДПМНЕ има европски сили кои што не се поистоветуваат со ставовите на нивните моментални предводници и не сакаат да ги повторат истите грешки кога застанаа на погрешната страна.
Денешниот наратив, размислување и делување на опозицијата, за жал е ист како тој пред 6-7 години, кој што ја изолираше опозицијата меѓународно, но сепак тогаш опозициони пратеници смогнаа сила и храбост и се одважија на предизвикот при што денес, Македонија е членка на НАТО и преговара за членство во Европската Унија“, се додава во соопштението на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…