Ова се македонските хеликоптери кои ќе летаат за Украина

t

Армиските ми-24 кои е извесно дека ќе заминат за Украина како нова воена донација, се познат тип на хеликоптери кои учествувале во безмалку 20 војни и конфликти низ целиот свет.

Првпат влегол во употреба пред повеќе од 50 години, во 1972, кога станува дел од советските воздухопловни сили. Станува збор за голем напаѓачки хеликоптер, со одлична заштита поради што и го добил прекарот „летечки тенк“, кој воедно има и транспортни можности – да превезе до 8 војници.

Ова се неговите технички карактеристики кои се наведени интернет страницата на Армијата на РСМ.

Тактичко-технички карактеристики на хеликоптер ми-24:

Должина: 21,35 м
Висина: 5,47 м
Распон на крила: 6.66 м
Дијаметар на носечки ротор: 17,3 м
Максимално времетраење на лет: 4 часа
Тежина на празен хеликоптер: 8680 кг
Максимална полетна тежина: 12000 кг
Погонска група: 2 турбовратилни мотори, ТВ3-117В (2225 кс)
Максимална брзина: 335 км/ч
Крстосувачка брзина: 335 км/ч
Плафон на лет: 4500 м
Максимална брзина на качување: 14 метри/секунда
Долет: 450 км (1000 км со дополнителни резервоари)
Капацитет: 8 војника или 4 носилки
Вооружување (само за Ми-8МТ) Четири цевен митралез 12,7 мм со 1470 куршуми; 4х УБ-32 ракетни лансери со 32 Х 57 мм С-5 ракети; 4х Б-8 ракетни лансери со 20 Х 80 мм С-8 ракети; 4-8х 9К114 против оклопни ракети Штурм; Различни бомби до вкупна тежина од 1000 кг
Екипаж 3 (прв пилот, втор пилот и летач механичар)

Првото големо распоредување на ми-24 е за време на советската инвазија врз Авганистан. Поради неговата ефикасност и факторот на страв што го внесувал на боиштето авганистанските бунтовници го викале и како „кочиите на Сатаната“. Во првите години од војната овие хеликоптери се исклучително успешни во воздушната поддршка на советските единици. Тоа ќе се промени откако Авганистанците ќе добијат посовремени американски противвоздушни системи од типот „стингер“.

По Авганистан, ми-24 се користи и во војната меѓу Ирак и Иран, во судирите во Јужна Америка, за време на руско-чеченските војни, но и на Балканот при распадот на Југославија.

Првите ми-24 Северна Македонија ги набавува од Украина во конфликтната 2001 година. Потоа нивниот број се зголемува до 12, а паралелно се врши и нивна модернизација, процес кој е запрен во последните години поради проценките на Генералштабот дека армијата, во нејзиниот иден развој, нема потреба од ваков тип на оклопни напаѓачки хеликоптери, туку повеќенаменски летала од западноевропско или американско произвдоство.

Овие хеликоптери беа доста користени во првите месеци од руската агресија врз Украина. Се претпоставува дека Киев, во моментот располага со околу педесетина ваква летала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…