УРЕДБАТА ЗА ДВОЈАЗИЧНИ УНИФОРМИ ВЛЕЗЕ ВО СИЛА – УСТАВНИОТ СУД МОЛЧИ ПРЕД ИНИЦИЈАТИВАТА ПОДНЕСЕНА ОД ЛЕВИЦА

t

На 24 ноември 2022 година, Левица поднесе Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со која Владата на Република Македонија воведува двојазичност на униформите на полицијата.

И покрај итноста на поднесената Иницијатива и барањето за изрекување на времена мерка, Уставниот суд не се осмели да постапи по истата, па така оваа скандалозна Уредбата на Владата вчера влезе ВО СИЛА!

Левица во неколку наврати алармираше дека овој подзаконски акт донесен од Владата е во директна спротивност со Уставот, Законот за полиција, Законот за внатрешните работи и Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата на полицијата. Во поднесената Иницијатива, Левица наведе дека:

Ваквата Уредба го руши основниот принцип во Полицијата на единственост на униформата како стандардизирана облека насекаде низ цела територија на Република Македонија, без исклучок;

Употребата на друг јазик и писмо, различен од македонскиот и неговото кирилско писмо, на униформите на Полицијата е спротивна на уставните и законските одредби со кои се регулира примарната и стандардната употреба на македонскиот јазик;

Мислењето на Венецијанската комисија за Закононот за употреба на јазиците вели дека не смее да се носат подзаконски акти кои ќе се повикуваат на тој закон (објавен без потпис на Претседателот на РМ);

Актите на Советот на Европа и на Обединетите Нации не одат во прилог на двојазичните униформи;

Компаративно-правната анализа покажува дека двојазичните униформи во унитарните држави речиси и да не постојат.
Уставниот суд продолжува да биде продолжена рака на хибридниот режим на власт и истиот е учесник во легализирање одлуки кои значат штета и сериозни последици по унитарниот карактер, суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на државата.

Молкот на СДС и Ковачевски пред последните шовинистички испади на градоначалникот од ДУИ, Фатмир Дехари, како и НАСИЛНИЧКОТО спроведување на двојазичноста на полициските униформи потврдува дека анти-македонската СДС е пајтон партија во Владата на ДУИ, која беспрекорно ги спроведува шовинистичките големоалбански апетити на амнестираниот Ахмети!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…

(Видео) Обраќање на претседателот на Левица, Димитар…

Проф. Димитар Апасиев на политичките опоненти им…

Српската политичарка им предложи на жените да…

Ана Гроздановиќ, член на Главниот одбор на…

ФСБ: Ликвидиран украински воен разузнавач, планирани терористички…

Руските безбедносни сили ликвидирале украински воен разузнавач,…

Подољак: Да се усвои единствена одлука за…

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска…