Ситуацијата на Исток не е добра – Зеленски: Не се работи само за Украина, ако ние паднеме, Русија ќе продолжи понатаму
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека целиот меѓународен поредок е загрозен од руската агресија врз неговата земја, нагласувајќи дека ако Украина падне, Русија ќе продолжи понатаму.
„Не се работи само за нас. Ако ние паднеме, Русија продолжува понатаму. Има земји со империјалистички амбиции кои можат да ги преземат истите агресивни чекори. Ова е многу опасно, изјави Зелнски во интервју за јапонскиот весник Јомури Шимбун.
На прашањето што треба да се направи за да се спречи таквата инвазија на хегемонична воена сила, тој одговори: „Само пораз на Русија во оваа војна“.
Од февруари 2022 година, кога започна руската агресија, Зеленски вложува напори да ја добие поддршката од меѓународната заедница. Во интервју за Јомиури тој нагласи дека им е потребна максимална помош.
„Помогнете ни да победиме. Тоа значи да си помогнете себеси да победите“, беше јасен тој во намерата да апелира до меѓународното јавно мислење за потребата да се поддржи Украина. Тој, исто така, ја изрази својата намера да побара од Јапонија дипломатска поддршка за „Киевскиот безбедносен договор“, нова безбедносна рамка што Украина ја заговара за да спречи нова инвазија на Украина.
Жестоките борби меѓу украинските и руските сили продолжија во Бахмут, источна Украина, со зголемени жртви меѓу Украинците. Зеленски изјави дека немаат муниција.
„Немаме муниција. Ситуацијата на исток не е добра за нас“, подвлече тој.
Тој апелираше да се забрза испораката на муниција од САД и европските земји.
Тенковите обезбедени од Германија и други земји се очекува да бидат распоредени во борба од април. Тој ја посочи својата намера да ги распореди за да ја пробијат руската воена одбранбена линија, велејќи дека „ни требаат тенкови за да ја деокупираме Украина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…
Сериозна бура го погоди Јадранот, погодени делови…
Низ цела Црна Гора и Херцеговина попладнево времето…
ЦУК: Можни се поплави во Арачиново, Стајковци…
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува…
Индискиот премиер Моди ја одби поканата на…
Индискиот државен секретар за надворешни работи Викрам…