Притвор за двајцата дилери од Арачиново!
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Покрај ова, против првоосомничениот е поведена постапка и за кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители, на 24 март, на наплатна рампа на автопатот Гостивар-Тетово, неовластено заради продажба држеле 30 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата била спакувана во 25 пакувања во автомобилот на осомничените. Кога полициски службеници се обиделе да ги запрат, првоосомничениот возач на автомобилот додал гас, обидувајќи се да се даде во бегство, при што удрил во полициско комбе.
Полициските службеници пукале во тркалата на автомобилот и успеале да го онеспособат за движење и да го запрат. Осомничените веднаш биле приведени, а дрогата запленета.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ организира трибина „Македонија понижена – една…
Утре (недела, 22.06.2025 година) во седиштето на…
Нема притвор за лицето со синиот ранец…
По распит отво полиција, судот ги прифатил…
Комисијата не најде грешка во работењето на…
По направениот стручен надзор во болницата во…
Секоја чест за Супорт Кочани: Во Кочани…
„Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски…
ПОВТОРНО КАДАР НА ДУИ ИМЕНУВАН ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР…
ПОВТОРНО КАДАР НА ДУИ ИМЕНУВАН ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР…