ПРИВЕДЕНИТЕ НЕ КАЖУВААТ НИШТО: Таткото на Самоил вели дека зад киднапирањето на неговиот син стои ЦЕЛА БАНДА
Таткото на киднапираниот Самоил Костадиновски, вели дека семејството досега нема никакви информации до каде е истрагата. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пак, изјави денеска дека имаа нови информации но не можат да ги споделат со јавноста за да не и наштетат на истрагата.
Таткото на Самоил смета дека киднаперите не се само двајцата кои се приведени, туку дека се работи за поголема банда.
„Досега немаме никакви информации до каде е истрагата. Знаеме дека има приведени двајца што биле учесници во киднапирањето, и имаат притвор од 30 дена. Ама таа банда не е само толку, туку е поголема банда. Тие работат со молчење, не даваат никакви изјави. Ние кажавме дека доколку мојот син се најде и ако некој ни даде точна информација, ќе има парична награда. Досега никој нема кажано каде се наоѓа Самоил, сите молчат“, рече за Сител таткото на Самоил.
Самоил Костадиновски исчезна на 4-ти март. Последен пат е виден во близина на Чешката амбасада. Обвинителството води постапка против двајца за кривично дело грабнување на кои им е определена мерка притвор. Сивиот опел во кој киднаперите го возеле момчето, е запален и целосно изгорен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија: Изјавите на Мицкоски се популистички, нема…
Ниту еден обид за заобиколување на консензусот…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Арсовска го објави: „Ова е сопственикот на…
Градоначалничката Данела Арсовска денес на Фејсбук сподели…
Левица: Скандал во Вевчани, ДПМНЕ на колена…
Скандал во Вевчани, наместо успехот критериум за…
Татко и синови со клоци и тупаници…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…