Објавено на:

(Видео) Брутални демонстрации во Франција: Граѓани фрлаат молотови коктели кон полицијата

t

Десетици луѓе се повредени во немирите што се случија во Сен-Солен, на околу 300 километри од Париз. За време на нередите биле запалени неколку полициски возила.

Ова е петта демонстрација од 2021 година против изградбата на 16 резервоари за вода со вкупна големина од 1.500 олимписки базени во земјоделска област. Против таа одлука се борат радикални екологисти, екстремни левичари и антикапиталисти.

Овој пат демонстрантите фрлаа топки и молотови коктели кон полицајците. Според полицијата, присутни биле околу 6.000 луѓе, од кои дел пристигнале од странство. На теренот имаше 3.000 полицајци.

Во текот на денот беа повредени еден фотограф, неколку специјалци и учесници на протестот.

Да потсетиме, насилството ескалираше и во Бордо каде беше запалено градското собрание.

Французите масовно протестираат бидејќи чувствуваат дека нивната демократија е загрозена поради 11-тиот пат кога премиерот иницира усвојување на закон без гласање во парламентот, изјави за Танјуг Милена Стевановиќ, студентка од Париз.

Таа рече дека протестите траат веќе неколку недели и дека има цела низа причини, од поскапувања до пензиски реформи и дека се организираат низ цела Франција.

Таа прецизира дека многу луѓе протестираат во Париз поради различни проблеми, како што се поскапувањето на гасот, струјата и храната, како и поради пензиската реформа.

– И помладите и постарите излегуваат на протести, така што тензијата е навистина висока во Париз. Протестите се насилни од страна на граѓаните и полицијата. Од ден на ден се помасовни и поагресивни од двете страни – рече таа.

Таа додаде дека на социјалните мрежи има многу видеа каде полицијата е насилна, а на улиците има запалени кофи, искршени витрини и многу ѓубре.

Таа истакнува дека премиерката Елизабет Борн го користи законското право законот да биде усвоен во парламентот без гласање и дека тоа го прави по 11-ти пат.

– Французите се чувствуваат како нивната демократија да е загрозена. Тоа е најголемиот проблем – рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден…

Вчера во 11.50 часот во Полициската станица…

Азири од Европски фронт: Ќе ги повикаме…

Елми Азири од коалицијата Европски фронт денеска…

Димитриевски му одговори на Мицкоски: Не очекувам…

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во своето…

Медиумите во Србија ja прекинaa програмата со…

Во 8 часот и 41 минути медиумите…

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа…

Русија ги засилила нападите во правец кон…