Посебен режим на сообраќај во Аеродром поради ракометот

t

Поради најавен ракометен натпревар со почеток во 18 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на булевар „Србија“ со булевар „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на булевар „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марта Кос: Мојата визија е дека еден…

„Денеска сме тука да работиме за подобри…

Димовска: Со години укажуваме дека постојат многу…

Компаниите членки на Стопанската комора со години…

Апсење на ГП Табановце, Австриец заврши со…

На 07.10.2026 во 18.00 часот на Граничен…

Ќе се изведуваат докази во новото судење…

Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен…

Ново рочиште за Артан Груби и Перпарим…

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во…