Без конкуренција, Левица е најтранспарентна парламентарна партија во Македонија
Левица е пример за финансиска транспарентност и најтранспарентна партија во Македонија, очајнички се обидите за дискредитација, велат од партијата во објава на социјалните мрежи.
– Државниот Завод за Ревизија, како единствена стручна институција во Македонија, по извршената ревизија врз финансиските извештаи за локалните избори од 2021 година, не констатира НИТУ ЕДНА неправилност во финансирањето на политичката партија #Левица.
Дополнително, годишната завршна сметка заедно со Извештајот за донации на политичките партии секоја година се поднесува до Државниот завод за ревизија, Централен Регистар и УЈП.
Без конкуренција, Левица е најтранспарентната парламентарна партија во секој поглед, ослободена од криминалните шеми на останатите политички субјекти – потврдено низ годините и под будното око на институциите.
Невистините и обидите за дискредитирање се потполно неразумни и неефективни кога станува збор за единствената партија, која преку правичноста и борбата против криминалите се етаблира, како силен општествен фактор, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…