Да се заштеди: Наместо нови таблички со “НМК” можно е да се стават само налепници на старите
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека е можно да се донесе решение за регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.
Како што изјави Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа наместо да се плаќа од 1.400 до 1.500 денари за нови регистерски таблички на кои наместо ознаката „МК” да стои ознаката „НМК” можно е оваа давачка да изостане и да се најде решение само со налепници.
Оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но во тек е дебата за начинот како ќе биде спроведена, по големиот број реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра.
„Веќе имаме формирано работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со ‘Макамтранс’ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што е впрочем и со документите и мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните“, рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…