Објавено на:

Трамп од Тексас: Вратете ме во Белата куќа и Америка повторно ќе биде слободна земја

t

Претседателските избори во САД во 2024 година се последната битка, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп на првиот предизборен митинг, додавајќи дека неговите непријатели очајнички се обидуваат да го спречат на патот кон Белата куќа, но не успеваат.

Нашите противници направија се што можеа за да ни го скршат духот и да ја скршат нашата волја, но не успеаја“. Само не зајакнаа. А 2024 година е последната битка, и тоа голема. Вратете ме во Белата куќа и нивното владеење ќе заврши и Америка повторно ќе биде слободна земја“, им рече Трамп на приврзаниците во Вејк, Тексас.

Тој повтори дека изборите во 2020 година на кои беше поразен од Џо Бајден биле нерегуларни и ги пофали демонстрантите кои упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година, пишува Гардијан.

Тој, исто така, ги критикуваше обвинителите кои водат неколку истраги против него, велејќи дека тие се „апсолутни човечки ѓубриња“.

Тој рече дека неговиот приватен живот се „превртел наопаку“ поради, како што навел, лошото однесување на левичарските манијаци.Истрагите против него ги окарактеризира како политички напади координирани од демократите во Вашингтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…