Објавено на:

Така прави премиер: Нетанјаху го смени министерот за одбрана за една изјава

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го смени министерот за одбрана Јоав Галант поради изјавата со која се спротивстави на реформите во судството.

Галант вчера го повика Нетанјаху да ја запре ревизијата на судството. Тој рече дека планираната реформа во судството предизвика превирања во израелската војска и претставува закана за безбедноста на земјата.

Протестите во Израел против реформата на судството траат веќе 12 недели. Незадоволството кулминира по објавата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека активно ќе се вклучи во спроведувањето на реформите, без оглед на судските процеси за корупција што се водат против него. За критичарите  законот е скроен по мерка на Нетанјаху и ја поттикнува корупцијата.

Неколку стотици припадници на Армијата и на различните резервни состави веќе ја бојкотираат службата, а министерот за одбрана на Израел стана првиот човек во владината коалиција кој го прекина молкот и повика на итно запирање на спорниот план на екстремно десничарската влада за ревизија на судството во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Нападот на Рафа ќе се случи…

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе…

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Тел Авив го повика Меѓународниот кривичен суд…

Израелските власти го повикаа Меѓународниот кривичен суд…

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…