Левица: По донираното оружје за Украина армијата пие украинско млеко
Откако министерката Славјанка Петровска најави дека Македонија ќе донира 12 хеликоптери на Украина, на трпезата на АРМ преку ноќ се сервира украинско млеко, велат преку соопштение од партијата Левица.
„Како е стигнато украинското млеко за потребите на АРМ за сега е нејасно. Министерката Петровска јавно треба да одговори дали е распишан тендер за овие производи или се компензација за самоуништувањето на безбедносните капацитети на Македонија, со испраќање на тенковски возила на АРМ кон украинскиот фронт“, посочуваат оттаму.
Според нив, економската криза ја прави положбата на македонскиот земјоделец се полоша.
„Наместо државните институции да го потикнуваат домашното производство и да набавуваат македонски производи, НАТО-фундаменталистичката влада на ДУИ и СДС повторно ги става НАТО-интересите на Украина пред сопствениот народ. До кога македонскиот земјоделец ќе биде граѓанин од трет ред додека министрите со лукративни договори ја уназадуваат надворешната позиција на Македонија?“, дополнуваат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…