Познато кога ќе продолжат преговорите меѓу Косово и Србија
Во вторник, 4 април, во Брисел продолжува техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, соопшти белградска ТВ Н1.
-Преговарачите од Белград и Приштина во вторник доаѓаат во Брисел на покана на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово Мирослав Лајчак, со цел да ги направат првите чекори кон имплементација на Договорот од Охрид, јави европскиот дописник на Н1.
Портпаролот на Европската комисија Петер Стано претходно денеска изјави дека во наредните денови институциите на ЕУ, со поддршка на лидерите на ЕУ, ќе ги направат првите чекори за спроведување на Договорот од Охрид заедно со Косово и Србија.
Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Белград и Приштина се договорно обврзани да го спроведат Договорот од Охрид и Анексот за имплементација и јасно стави до знаење дека доколку не го сторат тоа, тогаш го напуштаат патот кон ЕУ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, по средбата со претседателката на Грција, Катерина Сакеларополу изјави дека Србија се стреми кон членство во ЕУ, дека ќе продолжи со реформите и ќе работи на подобрување на човековите права, како и дека ќе „имплементира се што е договорено“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово привремено забрани увоз на овци и…
Привремено е забранет увозот во Косово на…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…
Руте: НАТО останува на Косово и во…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…