Србија има потреба од занаетчии: Некои работни места стигнуваат и до 4.000 евра
Работата на заварувач не е популарна меѓу средношколците, а работодавачите се многу заинтересирани да ангажираат таков персонал. На почетниците им се гарантира плата од околу 80.000 динари, а на поискусните повеќе од 2.000 евра.
Во огласите платата на заварувачот изнесувала и до 4.000 евра, но укажуваат дека тоа се претежно сезонски работи, за проекти кои траат од три до шест месеци, а честопати не се гарантира работата во текот на целата година, пишува „Мондо.рс“.
Дефицитот на стручен кадар е особено изразен во пекарската индустрија. Поради оваа причина, платите на пекарите се зголемени во последните неколку години бидејќи работодавците на овој начин се „тепаат“ за работници. Почетната плата во пекара е 80.000, а мајсторите на овој занает заработуваат и до 180.000 динари.
Професионалните возачи исто така можат добро да заработат. Возачите на автобуси заработуваат од 80.000 до 100.000 динари. Возачите на камиони заработуваат уште повеќе. Платата главно зависи од работодавците, а возачите кои возат во меѓународен превоз можат да заработат и до 300.000 динари.
Во последните неколку месеци драстично пораснаа цените на услугите на водоинсталатери, електричари, столари или молери. Исто така, многу е тешко да се најде слободен и добар занаетчија. Ова е уште една причина зошто цената на нивните услуги скока.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…