Д-р Беќаровски: Македонија е рекордер по бројот на труења со киселини

t

Последно во низата на труења, кое ја отвори темата во јавноста, беше случајот со битолчанецот кој наместо вода испи концентрирано средство за садови. Здравствените работници велат дека момчето е во добра состојба и закрепнува но она што загрижува е што во земјава се регистрираат голем број случаи на труење со медикаменти. Сепак алармот се вклучува и на случаите со свесно труење со киселини за што земјава е рекордер во Европа, откри во „Утринска“ на Телма проф. Д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија.

Најголем дел се сепак труења со медикаменти, пред сè со лекови за смирување, тука доминира „диазепамот“. Но, тоа што би сакал да истакнам, зошто е крајно алармантно, ние сме држава која е рекордер по бројот на труења со киселини. Нема ни една друга држава во Европа што има толку труења со киселини по глава на жител. Зборуваме за свесни труења, како обид за самоубиства. Можете да замислите кој е очајот за да посегнете и да си го одземете животот со корозивно средство, потенцираше Беќаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот…

Ахмети: Ќе ја запечатиме победата на 8…

Лидерот на ДУИ побара од граѓаните поддршка…

Во центарот на Куманово откриен мурал со…

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од…

Таткото на Ѓоковиќ итно пренесен во болница…

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер…