Украинската вицепремерка: Русите да не посвојуваат деца “украдени” од Украина
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги повика Русите да не посвојуваат деца за кои рече дека биле „украдени“ во Украина за време на војната и депортирани во Русија.
Верешчук на својот канал Телеграм изјави дека сирачињата биле „украдени во Украина“ и наводно биле дадени на посвојување во Русија.
Таа додаде дека силно им препорачува на руските граѓани да не посвојуваат украински сирачиња „кои незаконски биле однесени од привремено окупираната територија на Украина“, пренесува Танјуг.
„Уште еднаш ги потсетувам сите руски таканаречени „посвоители“ и „чувари“: порано или подоцна ќе треба да одговарате“, напиша Верешчук, кој е задолжен за социјалните прашања.
Според податоците на украинското Министерство за интеграција на окупираните територии, во моментов се сметаат за незаконски депортирани 19.514 деца од Украина, јави Танјуг.
Во средината на март, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот правобранител за правата на децата Марија Лвова Белова, обвинувајќи ги за наводно незаконско депортирање на деца од Украина во Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…