Државата пука по сите шавови: Медицинарите утре повторно на протест
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита утре во 5 до 12 ќе протестира пред Министерството за здравство. Незадоволството на медицинските лица е поради тоа што не е потпишан Анекс за да се измени Колективниот договор за здравствена дејност и не им се покачени платите.
-Часот во кој се организира протестот претставува симболика на тоа дека после целиот наш труд и аргументиран пристап кон Министерството за здравство како социјален партнер во изминатите шест месеиц, веќе е време да се реализира самото потпишување. Идејата на протестот е да се изрази незадоволството кај членството на Самостојниот синдикат и вработените во здравствената дејност воопшто, со тоа што работниот процес во јавните здравствени установи нема да трпи последици. Пациентите во чија служба работат јавните здравствени установи ќе бидат во можност да ги добијат здравствените услуги кои би ги побарале на денот на протестот, велат од Синдикатот за „Слободен печат“.
Барањето на Самостојниот синдикат е потпишување на анексот да се измени Колективниот договор за здравствената дејност кој ќе утврди покачување на платите на сите вработени во дејноста.
-Во однос на бројот на здравствени работници кои ќе дојдат на протестот, можеме да кажеме дека масовноста ја гледаме во присуството на претставници од сите синдикални организации кои се во склоп на Самостојниот синдикат, од сите јавни здравствени установи во државата, како и од оние вработени кои не се членови на Самостојниот синдикат, од причина што барањето поради кое се организира самиот протест ги тангира сите вработени во здравствената дејност. Со овој протест бараме институционална разрешница, бидејќи Колективниот договор за здравствената дејност е двостран акт и негов потписник покрај Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита е и Министерството за здравство, истакна за „Слободен печат“ претседателот на Синдикатот доктор Љубиша Каранфиловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…