Нема да боли – Ван дер Белен: Уставните измени не треба да се драматизираат

t

Австрискиот претседател Александер ван дер Белен кој е во официјална посета на Македонија порача дека е неопходно да се направат уставните измени за да продолжи процесот на евроинтеграција на земјава, а патот, како што рече, е тежок.

– Убедени сме дека ќе успеете да ги направите уставните измени. Треба да се гледа напред, да се работи во правец на заедничка европска иднина. Знам дека ова е тежок пат за вас, фрустрацијата е разбирлива, но ве молиме немојте да ја изгубите целта од вид, изјави Ван дер Белен на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Австрија ќе се вклучи во европската дипломатија за убедување на ВМРО-ДПМНЕ да се премисли за уставните измени, тој рече дека не сака да зборува за внатрешно-политички прашања но најави што ќе говори пред пшратениците во македонскиот Парламент.

– Во Парламентот ќе држам говор и ќе ги замолам сите пратенички групи да размислат долгорочно за ризикот. Овој чекор не треба д абиде драматизиран, изјави австрискиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Зеленски со апел до Западот: Дајте им…

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика Западот…

Џипинг за српска „Политика“: Нека светлината на…

Авторски текст на Претседателот на Народна Република…

Кампањата заврши, денес е изборен молк

Од полноќ стапи во сила молкот во…