Поранешниот претседател Иванов му врачи признание на Папата Франциск
Поранешниот претседател на државата од 2009 до 2019 година, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствувал на генералната аудиенција на Папата Франциск, што се одржа на плоштадот Св. Петар во Ватикан.
Повод за посетата на Ватикан и присуството на аудиенцијата, соопштија од Кабинетот на Иванов, е врачувањето на признанието „Морален лидер на денешнината’’ на Неговата Светост Папата Франциск од страна на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов.
Минатата година, за време на 13. Школа за млади лидери на претседателот Иванов која се одржа во периодот 16-30.09.2022 година на тема „Морално лидерство“, Школата за млади лидери одлучила да му додели признание на Неговата Светост, Папата Франциск, за морален лидер на денешнината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…