Владата повикува на ДЕЈТОНИЗАЦИЈА на Македонија, ќе бидеме како Босна со двојазични униформи!

t

Двојазичните униформи се спротивни на амандманот пет од Уставот на Република Македонија, велат од политичката партија Левица.

– Со стапување во сила на Уредбата за двојазичност на полициските униформ, како директна последица на т.н. Тиранска платформа, свесно се потиснувa и МИНОРИЗИРА македонскиот јазик, кој според Уставот е службен јазик во Република Македонија.

Уставот ја предвидува употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на целата територија на државата како службен јазик и писмо [Амандман V, т. 1 од Уставот на РМ]. Значи, секое дејствување во рамките на државата кое има унифициран карактер, т.е. кое се потпира на принципот на целовитост и територијалност мора да ја следи оваа уставна одредба.

Оваа уставна обврска се однесува и на Полицијата, која функционира врз основа на територијалниот принцип, кој неминовно ја обврзува Полицијата да функционира на територијата на целата држава УНИЦИФИРАНО т.е. законот со кој се уредува нејзината надлежност мора да се применува потполно исто и подеднакво на целата државна територија

Со неуставната Уредба за двојазични униформи, се екстензира оваа уставна одредба до граници на неспроведливост, нарушувајќи ги основните уставни принципи на унитарност и неделивост на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Вакво тивко истиснување на македонскиот јазик, оваа ненародна Влада направи и со воведување на двојазичните декларации на производите на територијата на РМ со новиот Закон за заштита на потрошувачите!

Со ваквите закони, уредби и мерки се нарушува принципот на унитарност и неделивост на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.

Оваа нелегитимна Влада на ДУИ и СДС, наместо заштита на унитарноста, потикнува федерализација и ДЕЈТОНИЗАЦИЈА на Македонија, по примерот на Босна и Херцеговина, која е единствена европска држава со повеќејазични униформи! – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…