Објавено на:

Поранешен боксерски шампион и хрватски политичар осуден на затвор: Силувал вработена, па сакал да ѝ плати за да молчи

t

Поранешниот хрватски пратеник од ХДЗ, Дамир Шкаро и освојувач на олимписки медал во бокс, денеска е прогласен за виновен за сексуално вознемирување и силување на поранешнa вработенa во Автоклубот Сигет, каде што тој бил сопственик. Тој е осуден на две и пол години затвор, а мора да плати и 3.787 евра за судски трошоци и вештачења.

Жалбата против Шкар за силување ја поднела докторка откако вработената во Автоклубот Сигет ѝ кажала дека сексуално ја нападнал во просториите на автоклубот на почетокот на август 2019 година. Сведочеше и жената која детално го опиша сексуалното злоставување.

Таа рече дека Шкаро со десната рака ја фатил околу половината, ја притиснал до себе и ја втурнал левата рака во нејзиниот градник. Во еден момент, вели таа, успеала да се повлече и му рекла да престане. Но, тој не ја послушал.

„ Ми ја стави едната рака на грб, а другата ми ја стави под фустанот. Го молев да престане, а тој рече дека ќе прави што сака, дека ќе ме фрли на креветот во собата и ќе ме силува“, рекла жената.

Таа додала дека после се Шкаро се обидел да ја посети и ја прашал дали може да ѝ се извини, на што таа му рекла дека нема извинување за тоа. Неговиот пријател ѝ понудил 80 илјади евра за да молчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан им ја честиташе победата на Силјановска…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја честиташе победата…

Стево го победи СДСМ со над 90.000…

Според досегашните резултати од вториот круг на…

ПАДНАА ПРВИТЕ ОСТАВКИ ВО СДСМ – си…

Ова е неговиот интегрален текст објавен на…

Апасиев: Левица ќе продолжи за петпати појако…

По 85% од пребројани гласови, партијата Левица…

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја…