ОБЕДИНЕТИ И СИЛНИ ЗАЕДНО ВО НАТО: Ковачевски телефонски разговараше со Столтенберг
Како што соопштија од владината прес-служба, било истакнато силното единството на државите сојузнички во Алијансата, во функција на мирот, по предизвиците од бруталната воената агресија на Русија врз Украина.
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, попладнево телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за повеќе актуелни прашања од важност за регионот и во геополитички контекст.
Како што соопштија од владината прес-служба, било истакнато силното единството на државите сојузнички во Алијансата, во функција на мирот, по предизвиците од бруталната воената агресија на Русија врз Украина.
Притоа е поздравена ефективната поставеност на Република Македонија на линија на поставеноста на НАТО партнерите и на заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, како и обезбедувањето на потребната поддршка за Украина.
„Во разговорот е посочено и на важноста од заеднички пристап во справувањето со хибридните закани и дезинформациите како предизвици по стабилноста и безбедноста. За аспектите на прашањата за коишто разговараа денеска премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, како што е посочено, се очекува да се разговара и на престојниот јулски Самит на НАТО во Вилнус, Литванија“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влегол кај деканот, оставил писмо со закани…
Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина…
Белата куќа бара нови опции за напад…
Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…
ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203…
Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки…
(Видео) Француски градоначалник застана како „жив штит“…
Додека масовните протести поради условите во училиштата…
Владата го усвои Предлогот за измени и…
Денеска на седница го разгледа и усвои…