Падна владина одлука: Македонија ќе и’ донира хеликоптери на Украина!
Владата одлучи да и ги донира на Украина воените хеликоптери.
Претходно, според медиумски информации, Украина самата побарала ваква помош од земјава во борбата против агресијата од страна на Русија, а неофицијално ќе се ослободуваме од 12-те армиски хеликоптери „ми-24“.
„Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за потреба од склучување Протокол за донација на воздухоплови (хеликоптери) помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина и ја донесе Одлуката за донација на воздухоплови (хеликоптери) на Министерството за одбрана на Украина.
Владата на Република Македонија го разгледа и прифати усогласениот текст на Протоколот за донација на воздухоплови помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Украина“, гласи инфоирмацијата на Владата што ја соопшти дополнително вечерва по завршувањето на седницата.
Од друга страна се очекува и одлука за тоа какви и колку нови хеликоптери на западна платформа ќе бидат набавени за потребите на нашата армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влегол кај деканот, оставил писмо со закани…
Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина…
Белата куќа бара нови опции за напад…
Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…
ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203…
Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки…
(Видео) Француски градоначалник застана како „жив штит“…
Додека масовните протести поради условите во училиштата…
Владата го усвои Предлогот за измени и…
Денеска на седница го разгледа и усвои…