Јакимовски: Бугарските служби даваат пари за да се учи бугарски, Софија води великобугарска политика

t

Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во врска со внесувањето на Бугарите во Уставот истакна дека најмалку се проблем Бугарите како нација, туку проблем се намерите“, рече Јакимовски во емисијата „10 минути“ на телевизијата „21“, додавајќи дека Софија води „великобугарска“ политика.

„Тие си ги покажаа нозете, односно змијата си ги покажа нозете веќе со француско-бугарскиот договор. Почнаа да отвораат веднаш овие нивни здруженија со провокации. Веднаш нивните разузнавачки служби почнаа да даваат пари и почнаа да нудат пари за тие што ќе го учат бугарскиот јазик“, рече Јакимовски.

Тој додаде дека Бугарите има иредентистички намери кон Македонија и дека воопшто не го се плашат да го кажат тоа.

-Тие никогаш не се срамат да кажат дека имаат иредентистички аспирации кон Македонија. Не се срамат тоа да го кажат во Европскиот Парламент, во интервјуа, јавно и така натаму… Пазете ја тезата „Един народ, две држави“, додаде Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…