(Видео) Арсовска презентираше нов еко-проект: За првпат во Македонија ќе се субвенционираат еко-возила за граѓаните и за такси превозниците!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција побара од советниците во Советот на Градот да размислуваат со сопствена глава и да ги тргнат партиските и личните интереси на страна, а да работат за интересите на граѓаните.

Арсовска побара поддршка за реализација на клучни проекти кои се дел од програмата “За Модерно Скопје” меѓу кои набавка на нови еко-автобуси за ЈСП и неколку проекти за меѓуопштинска соработка.

– Во Градот Скопје, како што сите знете, се трудиме да имаме модерен град, квалитетен стандардизиран транспорт, проектите за квалитетна инсфраструктура, не треба да бидат исклучок туку правило.

По тој повод, денеска имаме седница на Советот на Град Скопје каде предложивме:

  • Одлука за субвенционирање на нови еко-возила за граѓани и за такси-превозниците, ова е пилот проект прв во Македонија и Скопје, субвенционираме со 200.000 денари по возило, ова е проект од програмата “За Модерно Скопје” а во оваа фаза го лансираме ккао пилот проект со кој ги детектираме интересот и потребите на граѓаните за истото. На овој начин ќе се придонесе да се намали аерозагадување, а има и поттик за модернизација на такси-превозот во главниот град.
  • Бараме поддршка за набавка на нови еко-автобуси кои ќе немаат штетни емисии во воздухот и ќе ги заменат старите дотраени и незадоволителни автобуси. Со ова ќе се стандардизира услугата за сите граѓани, ќе се намалат трошоците, а ќе се заштити и животната средина, посочи Арсовска.
  • Предлагаме неколку меѓуопштински соработки со повеќе општини во Градот што ќе овозможат Градот Скопје да финансира реконструкција на улицата “Македонско-Косовска бригара” на големите краци 38, 40 и 50 во општината Шуто Оризари, улицата “Славејко Арсов” во Центар, и два поголеми краци на “Христофер Жефаровиќ” во Гази Баба. Овде повеќе од 30 години граѓаните чекореа во кал, вели Арсовска.

Градоначалничката истакна дека блокирањето од страна на советниците не ја спречува да работи за да се реализираат проектите, но ќе значи одолговлекување на проектите кои се во интерес на граѓаните.

Најважно од се е да видиме дека тие денеска нема да се водат од тесно-партиски интереси, од лични интереси и ќе работат во интерес на граѓаните. Морам да напоменам дека блокадата од советниците не ме спречува мене како градоначалник да работам, туку тие не овозможуваат нашите граѓани да ги уживаат нивните права, истакна Арсовска.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…