Арсовска ги повика сите политички партии да ги унапредат правата на лицата со попреченост преку иницијатива во Собранието на РМ
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја поддржа иницијативата на Советот на Градот Скопје за проширување на листата за паркирање на лицата со попреченост од други градови и други попречености.
Арсовска ги повика советниците од сите политички партии да покренат иницијатива во Собранието на Република Македонија за промена на Законот кој уредува кои дијагнози се опфатени во листата која дозволува бесплатно паркирање на лица со попреченост.
Ова е одлична иницијатива која мислам дека треба да се поддржи иако говорот личеше на памфлет.
Не сметам дека лицата со попреченост треба да се користат за да се поентира политички, ако имате убава идеја, побарајте убавата идеја да ја поддржи советот.
Јас сметам дека ова е прекрасна иницијатива, сметам дека истата сте требале да ја поднеесете кога претставник на вашата политичка оппција го водеше ова претпријатие, но никогаш не е доцна да се исправи.
Што е недостатокот кој ќе се јави и сметам дека тука треба да донесете заклучок и да го доставите онаму каде што треба и оваа иницјатива да биде недискрминираин.
Скопјани не треба да бидат дискриминирани кога одат по другите градови, ако имаат личен инавлидитет да можат да паркираат онаму кадешто можат и охриѓани кои имаат попреченост.
Ние сакаме да им помогнеме на сите останати жители на други градови, верувам дека ќе се изгласа оваа иницијатива, треба да испратите иницијатива до сите ваши совети и општини да им се помогне на нашите скопјани.
Треба да размислиме за проширување на листата, тоа е врз основа на Закон и тоа никој не може да го направи со одлука на совет, треба како советници да покренете иницијатива која ќе ја поднесете во собранието за да се пршири листата, за да може одкулаја на ЈП Градски паркинг да биде издржана. Ајде заедно да поднесеме иницијатива до Собранието, имате сите таму пратеници, да изгласаме нешто подобро за сите граѓани кои имаат телесен инвалидитет, порача Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…