БРУКА: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ здружено работат против скопјани – Не гласаа за набавка на нови еко-автобуси

t

Земаат 500 ерва паушал за една седница во месецот, за да работат за интересите на “лидерите” наместо за интересите на скопјани. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Советот на Градот Скопје продолжуваат да работат против граѓаните, а тоа го покажаа и на денешната седница кога здружено не изгласаа набавка на нови еколошки автобуси за ЈСП.

Иницијативата на Градот Скопје ја поддржаа советничките групи на ДУИ, Левица, Зелен хуман град и советничката група “За Модерно Скопје”.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ уште еднаш ја блокираат реализацијата на програмата “За Модерно Скопје”. Набавката на нови автобуси е дел од програмата, а иста ваква набавка е извршена во 2019 година кога се набавени 33 нови автобуси за време на мандатот на претходниот градоначалник Петре Шилегов.

Градоначалничката Арсовска претходно на прес-конференција, а и подоцна за време на седницата истакна дека советнивите ќе имаат комплетна слобода да ги одберат и условите за кредитирање на проектот и спецификациите за набавка на автобусите.

Арсовска исто така нагласи дека е лицемерно од страна на советниците да кажуваат дека се грижат за доброто на скопјани, доколку не гласаат за реализација на овој проект кој го намалува аерозагадувањето и овозможува квалитетен јавен превоз за скопјани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазена 65-годишна жена во Скопје

На 11.05.2024 во 13.35 часот во СВР…

Најчевска: За принципи се разговара јавно, за…

- За принципи се разговара јавно. За криминални…

67 годишна Скопјанка нападнала 24 годишна кираџика…

Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка…

Обид за грабеж и закани со оружје…

На 10.05.2024 во 23.18 часот во СВР…

Ова се сите 18 пратеници на СДСМ…

СДСМ на последните парламентарни избори освои 18…