Не разговараме со Груевски: ДУИ со демант за лажните вести на Алсат и Фокус

t

Демократската унија за интеграција категорично ги демантира лажните и шпекулативни вести објавени на ТВ Алсат и на порталот Фокус за наводни преговори на ДУИ со поранешниот премиер Груевски за обезбедување гласови за уставни измени, се вели во партиското соопштение на владејачката партија ДУИ.

-Ниту еден функционер на Демократската унија за интеграција немал никаков контакт, ниту сега, ниту во минатото, од неговото бегство, за ниту едно прашање, со поранешниот премиер Груевски, па затоа длабоко жалиме за ваквите тенденциозни шпекулации и неточни информации објавени во јавноста. Цениме дека уставните измени се од особено значење за државата и граѓаните затоа ги повикуваме медиумите, граѓанскиот сектор, академската заедница, придонесувачите во јавното мислење да ја третираат оваа тема со најголема сериозност бидејќи таа ја дефинира нашата заедничка иднина. Опозицијата експлицитно ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија и ја повикуваме оваа програмска определба заедно да ја реализираме без партиски изборни калкулации, истакнуваат од ДУИ

ДУИ ги поддржува уставните измени и цени дека овој процес ја зајакнува државата и го обезбедува нашиот интегративен процес, но во исто време ги затвора и вековните неправди овозможувајќи нула отворени прашања со соседите, додаваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…