Објавено на:

(Видео) Хаос во Лидл во Србија поради ќебапи на акција: Купувачите само што не се истепале – една жена речиси влегла во фрижидер

t

Поради ќебапи на акција, многу граѓани чекале во ред пред истата продавница во Белград.

Во една од продавниците на Лидл во Белград, денеска настанал општ хаос поради – ќебапи. На социјалните мрежи се појави снимка од тепачка меѓу постари граѓани на која се гледа како жена се обидува да земе пакет ќебапи додека во исто време се обидува да ги спречи другите да ги земат.

На видеото се гледаат купувачи како врескаат, се туркаат, а една жена во еден момент дури и „влегла“ во фрижидер со горниот дел од телото за да ги „одбрани“ пакувањата ќебапи кои решила таа да ги земе.

Во еден момент на видеото може да се слушне и друг женски глас како вели:

„Госпоѓо, ве молам… Ќе повикаме обезбедување, ова нема смисла“.

До големиот метеж и неред во продавницата дошло поради акцијата на Лидл, во која ќебапите од свинско и говедско месо се продаваат по пониска цена, а која завршува денеска.

Како што пишуваат српските медиуми, поради оваа акција настанал хаос во уште една продавница на Лидл, во Крагујевац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…