И народниот правобранител решил да се поднови со нов автомобил

t

Народниот правобранител, по примерот на останатите функционери, решил да се поднови со нов автомобил, велат од политичката партија Левица.

Институцијата Народен правобранител распишала јавна набавка за патничко моторно возило и покрај тоа што располагаат со осум релативно нови возила. Во тендерската документација не е точно наведено за каков тип на возило се работи, но минималните карактеристики кои треба да бидат исполнети се возилото да биде СУВ – модел, на погонско гориво дизел, металик боја итн.

Ова е втора по ред постапка за набавка на возило, а претходната постапка која била отпочната минатата година е поништена. Проценетата вредност останува недостапна.

Одржувањето на возниот парк на институцијата Народен правобранител, од осум релативно нови возила, со година на производство меѓу 2016 до 2019 на годишно ниво надминува 40 илјади евра народни пари. Јавно достапните информации покажуваат дека дел од договорите се веќе исплатени, а за дел се’ уште нема податоци, и тоа:

  • Гориво eуросупер и eуродизел во вредност од 1.135.000,00 денари
  • Резервни делови, поправка и сервис во вредност од 137.969,00 денари
  • Автогуми во вредност од 42.757,00 денари
  • Осигурување на патници, возило, зелен картон итн. во вредност не повеќе од 93.828,00 денари
  • Перење на службени возила во вредност не повеќе од 50.000,00 денари
  • Технички преглед на возила во вредност од 2.100,00 денари

Привилегиите кои ги ужива институцијата се огромни, а за возврат квалитетот на услугите кон граѓаните е незадоволителен, а не ретко, и на штета на нивните права и правни интереси. Граѓаните се жалат дека Народниот правобранител постапува селективно или народски кажано „за едни е мајка, а за други маќеа“.

Во Македонија ваквото „крчмење“ на народни пари во непродуктивни цели стана секојдневие. Наместо да биде сведено на минимум или воопшто да нема вакви енормни трошоци во непродуктивни цели, институциите од ден на ден се’ повеќе изнаоѓаат начини како истите да ги оправдаат.

Левица е против недомаќинско менаџирање со народните пари и е целосно посветена на систематско искоренување на ваквите и слични постапки од страна на институциите. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците на Левица и во овој мандат…

- 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар, велат од Левица. -…

Мециновиќ: НЕ за патни трошоци, средствата да…

- Јас ќе бидам искрен, можеби е…

(Видео) Мециновиќ: Ние сме за протекционистичка економија,…

Левица е за протекционистичка економија, вели во…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да…

ВМРО-ДПМНЕ го пирзнава Преспанскиот договор и само…