Заврши операцијата на Бојан Јовановски, остана со 10 проценти од желудникот
Доктор Јованов, дигестивен хирург од градската болница за „Слободен печат“ потврдува дека е завршена операцијата која денеска беше извршена врз Бојан Јовановски.
-Направивме субтотална ресекција на желудникот. Отстранети се ткива со предканцерогени состојби. Беше долга и тешка операција после која пациентот е во животозагрозувачка состојба бидјеќи не знаеме како ќе се одвива постоперативниот тек. Јовановски не е свесен и не е на машина. Речиси целиот желудник е отстранет, можеби се останати 10 проценти, најмногу 15 проценти од желудникот, рече за „Слободен печат“ доктор Јованов еден од хирурзите кои ја изведоа интервенцијата.
Тој додаде дека пациентите со вакви операции мора да имаат строг начин на исхрана, да јадат по 10 пати на ден по многу мали количества миксирана храна и да се на постојана терапија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…