Објавено на:

Зеленски: Загубата на Бахмут ќе биде политички пораз за Киев и ќе влијае на моралот на украинските војници

t

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека загубата на Бахмут ќе биде политички пораз за Киев и ќе влијае на моралот на украинските војници, што може да доведе до општ пораз на Украина во овој конфликт.

„Загубата на Бахмут не само што ќе значи политички пораз, туку може да доведе до наш општ пораз. Потоа, ќе има притисок и од народот и од меѓународната заедница да се направи компромис со Русија“, рече тој во интервју за „Асошиетед прес“.

Зеленски предупреди дека доколку неговата нација не победи во Бахмут, Русија би можела да започне со градење меѓународна поддршка за договор кој би барал од Украина да направи неприфатливи компромиси.

Доколку Бахмут падне во рацете на руските сили, нивниот претседател Владимир Путин „ќе ја продаде оваа победа на Западот, на своето општество, на Кина, на Иран“, рече Зеленски во ексклузивното интервју за Асошиетед прес.

„Ако почувствува малку крв – помириса дека сме слаби – ќе турка, ќе турка, ќе турка“, рече Зеленски.

Според него, тоа ќе се случи затоа што Украинците ќе бидат уморни, а секој пораз во оваа фаза од конфликтот може да го поткопа моралот на украинските војници.

„Ова ќе е повеќе политички отколку тактички пораз за нас“, рече тој.

„Нашето општество ќе се чувствува уморно. Нашето општество ќе ме охрабри да направам компромис со нив (Русија)“, рече Зеленски, истакнувајќи дека се уште не почувствувал таков притисок. Американската агенција наведува дека коментарите на Зеленски биле признание дека губењето на битката за Бахмут „би бил повеќе скап политички пораз отколку тактички.“

Зеленски истакна дека е крајно свесен оти сиот успех на неговата земја е благодарение на меѓународната воена поддршка, особено од САД и Западна Европа, и додаде дека е загрижен оти промената на политичките сили во Вашингтон може да влијае на војната.

„САД навистина разбираат дека ако престанат да ни помагаат, нема да победиме“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…