Објавено на:

Вашингтон со апел до своите граѓани: Веднаш напуштете ја Русија!

t

„Американските граѓани кои живеат или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат (Русија), како што продолжува да советува Стејт департментот“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Стејт департментот е во директен контакт со Москва во врска со притворањето на новинарот на Волстрит журнал, нагласуваат од Белата куќа и додаваат дека администрацијата на претседателот Џо Бајден контактирала со семејството на новинарот и со неговиот работодавец.

Московскиот суд денеска нареди притвор на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, велејќи дека тој ќе биде притворен најмалку до 29 мај за наводно шпионирање за САД.

„Неприфатливо е руската влада да е насочена против американските граѓани“, соопшти Белата куќа, осудувајќи го притворот „најостро што може“.

Волстрит журнал остро ги отфрли обвинувањата и повика на ослободување на својот известувач, изразувајќи загриженост за неговата благосостојба.

„Се солидаризираме со Еван и неговото семејство“, пишува американскиот весник.

Репортери без граници апсењето на новинарот го нарекоа „вознемирувачки“.

„Новинарите не смеат да бидат цел“, потенцираат тие.

Гершкович, кој е роден во 1991 година, се соочува со затворска казна до 20 години доколку биде осуден.

Рускиот правен систем се смета за многу политизиран, а обвинувањата речиси секогаш водат до пресуди.

Руската тајна служба ФСБ објави дека привела американски новинар поради „шпионирање за интересите на американската влада“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…