Маричиќ: На опозицијата ѝ понудивме да биде дел од процесот, но одговор нема
Вицепремиерот за европски интеграции Бојан Маричиќ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека на опозицијата и понудиле предлози за да бидат дел од процесот, но, како што вели, одговор нема.
„Имам разговори со опозицијата, каде побаравме мислење, и понудивме совети и идеји како да се зајакне улогата на Националниот совет за европска интеграција и да му дадеме сила на процесот и тука да учествува и опозицијата. За жал нема конкретни одговори на предлозите. Пред 3-4 месеци лично разговарав со опозицијата кога реков ќе ви дадам листа на експерти за вклучување на овој процес, не сме добиле одговор, и обратно, да предложат луѓе на кои им веруваат, и не сме добиле одговор. За да нема ништо спорно, подготвени сме да разговараме кои се тие луѓе да ги ангажираме“, порача Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…