КОВАЧЕВСКИ-ВУЧИЌ: Се продолабочува пријателството и партнерството помеѓу Србија и Македонија
Премиерот Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ, на денешната средба во Белград го потврдиле долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Македонија и Србија, кое, како што соопшти владината прес-служба, се отсликува преку постојаната взаемна поддршка за клучни прашања и предизвици кои ги засегаат двете земји.
-Билатералните односи меѓу двете земји се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво, економска соработка и трговска размена, се посочува во соопштението од средбата.
Ковачевски и Вучиќ разговарале за регионалните иницијативи кои се можност за перспективи и уште поголемо унапредување на меѓусебната соработка.
-Целта на Отворен Балкан и Берлинскиот процес е регионален развој и побрза интеграција на единствениот европски пазар и во Европската Унија, се наведува во соопштението.
Премиерот Ковачевски и претседателот Вучиќ размениле мислења за политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и за динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија и Србија. Во таа насока беа потенцирани реформските процеси во повеќе клучни области, градење на институционални капацитети како и развојните стратегии кои ги спроведуваат владите на двете земји. На средбата биле разменети и информации за делувањето на двете држави во рамки на Западен Балкан, во контекст на економската, демократска и безбедносната ситуација во регионот и Европа. Премиерот Ковачевски е во официјална посета на Србија, и ја предводи делегацијата во која се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски, кои присуствуваа на средбата со претседателот Вучиќ. Во моментов пред Палата Србија се одвива свечениот пречек со највисоки државнички и воени почести на премиерот Ковачевски од страна на премиерката Ана Брнабиќ. По тет-а-тет средбата со Брнабиќ и средбата на двете делегации ќе бидат потпишани три меморандуми за соработка, по што премиерите ќе одржат прес-конференција. Официјалната посета треба да заврши со средбана Ковачевски со претседателот на српското Собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…