Еве како се уништува образованието: Студенти добивале бодови за оцена со присуство на трибина за НАТО во Охрид!
Политичката партија Левица, односно општинскиот огранок од Охрид објави скандач на Универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле”, каде учениците добиваат бодови за оцена со присуство на трибина за НАТО.
-Деновиве се случил преседан во високото образование. На студентите од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид им било посочено дека со присуство на трибина за НАТО, организирана од Министерката за одбрана на Република Македонија, ќе добијат екстра поени што ќе им служат во формирањето на оценката.
Научно-стручната дебата која вчера ја водела Министерката Славјанка Петровска со професорите и студентите била на тема: „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Македонија – можности по членството на НАТО“. На настанот се презентирале можностите за студентите и професорите на НАТО Фондот „Наука и мир“.
Според фотографиите и изјавите што ни ги испратија дел од студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ јасно се гледа дека Проректорката и професорите бараат да бидат присутни сите студенти што помасовно и задолжително.
Црвена Младина – Охрид смета дека преку оваа постапка најдиректно се поткупуваат студентите и овие чекори се уште еден доказ дека „цвета“ корупцијата во самиот универзитет.
Преку ваквиот начин на функционирање на образовниот систем паѓа довербата кон институциите, не само од страна на студентите, туку и од страна на обичниот народ. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…