Објавено на:

Петтите избори за две години во Бугарија пред ново резултатско статус кво

t

Петтите избори за две години во Бугарија пред ново резултатско статус кво. Три дена пред изборите, нема охрабрувачки вести дека Софија и во последниот обид ќе може да добие стабилна влада.

ГЕРБ на Бојко Борисов и коалицијата „Продолжуваме со промените“ /„Демократска Бугарија“ и натаму се во мртва трка. Тоа го потврдуваат двете денешни анкети на „Галуп“ и „Алфа рисрч“. На првата со незначителна предност е коалицијата на Петков и Христо Иванов, на втората партијата на Борисов со по околу 26 проценти.

Следат ДПС и проруската Преродба со по 13, а петорката ја заокружуваат бугарските социјалисти. Сите други засега се надвор од Собранието. Партијата на Трифонов е длабоко под цензусот, а ВМРО на Џамбаски воопшто и го нема меѓу наведените. Според експертите, пресудна за победникот ќе биде излезноста во метрополата.

-Мислам дека резултатот ќе го одредат приврзаниците во Софија, затоа што тој електорат се уште не е мобилизиран. Доколку тие се мобилизираат и гласаат в недела ќе се реши прашањето дали коалицијата меѓу „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“ да го освојат првото место. , вели Геновена Петрова, „Алфа рисрч“

Кампањата изминува без особен ентузијазам. Уморот од избори навестува ниска излезност. Безмалку 50 проценти за „Алфа рисрч“ се изјасниле дека со сигурност нема да гласаат. Во последните јавни обраќања и Петков и Борисов најавија триумф, иако засега се навестува дека чија и да е, победата ќе биде јалова. За формирање мнозинство неопходна е или заедничка коалиција или како што предлагаат од партијата на Петков, малцинска влада, предводена од нив, со поддршка на ГЕРБ, но без политички договор.

-Како тоа теоретски си го претставуваат. Избираме влада со Киро, Асен, Бојко, Рашко? А, знаат дека ќе бидат победени од ГЕРБ и вие знаете. Поразените сакаат победниците да ги поддржи да прават ѕверства. , изјави Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ

-Разговарав со една жена доле. Таа вели „ќе има ли влада“? Јас велам „да“. Таа вели, како? Јас велам, како вие ќе гласате. Отсега јавнно кажувам ќе има влада, ако ние сме први и тоа ќе биде влада со многу јасна програма од пет точки. , вели Кирил Петков, лидер на „Продолжуваме со промената“

На претходните четири изборни циклуси, кои претежно резултираа со техничка влада, два пати победи Борисов, еднаш Петков и еднаш партијата на шоуменот Трифонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на…

Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања…

Објавена меѓународната рамка за регулирање на вештачката…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја претстави…

(Видео) Почна операцијата на Универзитетот Калифорнија: Апсења…

Во кампусот на Универзитетот Калифорнија во Лос…

Франција нуди предлози за намалување на тензиите…

Француските власти денеска им презентираа предлози на…