Објавено на:

Подготовки за офанзива: Украина нарача сто оклопни возила од Полска

t

Украина нарачала 100 полски повеќенаменски оклопни возила „Росомак“, што се произведени под финска лиценца, а ќе ги платат Европската унија и САД, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Добиваме нарачка од украинскиот премиер Денис Шмигал за 100 оклопни возила „Росомак“ што ќе се произведуваат во Сјемјановице Слонскје, јужно од Полска, рече Моравјецки.

Плаќањето ќе се врши од фондовите на ЕУ дадени на Полска и од американските фондови што ги доби Украина, изјави полскиот премиер.

Полскиот премиер не наведе колку е вкупната сума на договорот.

„Росомак“ е повеќенаменско оклопно возило што се произведува под лиценца на финската фирма „Патриа“ (Patria AMV).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…

Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…