Пет века сме се бореле со Османлиите, со најмоќниот непријател во Втората светска војна, нема сега да ја изгубиме државата!

t

Изјавите дека доколку не се направат уставните измени за внес на Бугарите во Уставот Македонија ќе изгуби време го инспирираа Божидар Божиновски да ги коментира ваквите изјави на Фејсбук.

-“Ако не ги внесеме бyгapите во устав ќе изгубиме време”

5 века сме се бореле со Османлии, во Втора светска војна против најмоќниот непријател во светот, генерации и генерации се бореле за Македонија. Нѐ поробувале, убивале, палеле села, уништувале градови, ни менувале имиња и презимиња, ни забранувале јазик, црква и еве нѐ пак, тука сме.

Години во животот на една држава не значат ништо. Промените што треба да ги направиме се неповратни и конечен пораз каков ни во најтешките окупации и репресии не ни се случил. Затоа нема ни сега, во мир, да го изгубиме она што го добија генерации во војни и востанија. – напиша Божиновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ