Дури 71 отсто од младите во Македонија живеат со родителите

t

На истражувањето на „Евростат“ за бројот на млади жители меѓу 25 и 29 години кои живеат со родителите доминира Балканот, а Македонија се наоѓа на шестата позиција зад Албанија, Грција, Србија, Црна Гора и Хрватска.

Најмногу од младите, односно 79,9 отсто, на оваа возраст живеат со своите родители во Хрватска, додека на втората позиција се наоѓа Црна Гора со 78,7 проценти од младите жители. На третата позиција на листата на „Евростат“ се наоѓа Србија со 76,4 отсто, по што следат Грција со 72,9 и Албанија со 72,8 проценти во топ-5 на листата.

На шестата позиција се наоѓа Македонија со 71 отсто од младите меѓу 25 и 29 години кои живеат со своите родители, а помал број од младите кои го делат својот дом со родителите се Италија со 69,8, Косово со 68,6, Португалија со 68,1 и Словачка со 67,4 проценти.

Како што може да се забележи, балканските земји доминираат на листата на „Евростат“, а на тоа влијаат повеќе фактори, меѓу кои и финансиската моќ која ја имаат жителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Престрелка среде Солун- тројца од возило во…

Според грчките медиуми, ликвидиран е Грузиец, кој…

Џафери: Ќе ги отстраниме предрасудите дека Албанците…

Кандидатот за пратеник во шестата изборна единица…

(Видео) Светна Благотаниот оган во храмот на…

Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети излезе од Едикулата…

Скопјанец со пиштол се заканувал поради долг

На 02.05.2024 во 17:25 часот во СВР…